Лидија Димова заработила кривична пријава за четири кривични дела

Јавниот обвинител Љубомир Јовески на ТВ24 изјави дека до основното обвинителство е доставена кривична пријава за гонење на организиран криминал и корупција во која се работи за четири кривични дела кои ги направила директорката на Националната агенција за европски образовни програми, Лидија Димова.

 

„Финансиска полиција најави, а во меѓувреме мислам дека е и доставена пријава до обвинителството за случајот со Лидија Димова“, рече Јовески на ТВ 24.

Тој посочи дека две казнени дела ги направила самата Димова, а во другите две учествувале и други лица.

„Опфатен е и случајот „Фризерница“ и други случаи на извлекување на 15.000 евра од касата на агенцијата и уште некои други дејствија.“, изјави Јовески.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.10.2020 - 23:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега