Лидерот на вахабистите во БиХ од утре ќе биде пуштен на слобода

Неформалниот вахабистички лидер во Босна и Херцеговина Билал Босниќ, кој Судот на БиХ го осуди на седум години затвор за јавно поттикнување терористички активности, ќе биде ослободен утре, објавија сараевските медиуми.

 

Босниќ беше уапсен во 2014 година во неговиот дом во Бужим, и му се суди за регрутирање млади луѓе од БиХ за војните во Сирија и Ирак.

 

Тој беше осуден во 2016 година.

Последните денови ги помина во новиот државен затвор во Војковичи во Источно Сараево, а претходно одслужуваше затворска казна од шест години и седум месеци.во затворот во Зеница

На Босниќ му беше одбиено барањето упатено до Европскиот суд за човекови права во Стразбур од кој тој бараше да му се преиспита правичноста на постапката која се води против него.

Судот воопшто не ја разгледа жалбата, бидејќи беше оценето дека нема основи за жалба.

02.09.2021 - 23:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа