Лидерите на ЕУ побараа поголема солидарност со Западен Балкан за поделба на вакцините

Лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ вечерва на видео состанок побараа „поголема солидарност со трети земји кога станува збор за поделба на вакцини”, вклучувајќи ги и земјите од Западен Балкан, изјавија за Танјуг дипломатски извори во Брисел.

 

Видеоконференцијата на лидерите на ЕУ почна во 18 часот и сè уште трае.

Покрај поддршката на Западен Балкан и соседите при набавка на вакцини, лидерите на земјите-членки разговараат и за испорака на вакцини во рамките на ЕУ, кампањите за вакцинација кои почнаа низ цела Европа, како и за сертификати за вакцинација.

Извори од состанокот велат дека лидерите изјавиле оти сертификатите за вакцинација во овој момент „можат да бидат медицински, но не и патни документи”.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2021 - 21:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега