Лиценцирани спасувачи на вода ќе се грижат за посетителите на скопскиот Аква парк

Денеска Црвениот крст на Македонија и Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе потпишат меморандум за соработка. Со меморандумот кој ќе биде потпишан денеска ќе се ангажираат 34 лица како спасувачи во новиот „Аква парк“.

Се работи за лица кои поминале курс за спасување на вода, организиран од Црвениот крст на град Скопје и се здобиле со лиценца за спасители на вода.

Инаку, Црвениот крст на Република Македонија е член на Меѓународната федерација за спасители на вода и е единствена лиценцирана институција во Македонија која има право да организира курсеви за спасување.

ФОТО: Засе.мк

најчитано сега