Лице заразено со делта сојот може да зарази 30 луѓе

Делта сојот е потврден во Република Српска и има голем број новозаразени во последните денови. Директорот на тамошниот Институт за јавно здравје, Бранислав Зељковиќ предупредува дека делта сојот многу лесно се пренесува од човек на човек.

-Лице заразено со делта сојот може да зарази 20 до 30 луѓе, рече тој на прес-конференција.

Зељковиќ вели дека сериозноста на клиничката слика на заразените со делта е слична на онаа од претходните соеви.

-Институтот размислува за измена на мерките за карантин за луѓето кои биле вакцинирани и биле во контакт со заразено лице, рече тој.

Според него, важно е да се следи движењето на вирусот.

Епидемиолог на Институтот Нина Родиќ-Вукмир, истакна дека вакцинираните луѓе се заштитени во голем број од сите соеви.

„Ги повикуваме граѓаните да се вакцинираат, бидејќи 98% од хоспитализираните се невакцинирани“, рече Родиќ Вукмир.

 

02.09.2021 - 18:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега