Либан прогласи тридневна жалост: Спасувачките екипи се уште трагаат по преживеани - стигнаа првичните резултати од истрагата(ВИДЕО)

Либанските спасувачки екипи продолжија да бараат преживеани меѓу урнатините по ужасната експлозија во Бејрут, во која загинаа најмалку 135 лица, а повеќе од 5.000 беа повредени.

Премиерот Хасан Диаб прогласи тридневна жалост, почнувајќи од денес, а првичните резултати од истрагата покажуваат дека небрежноста е виновна за експлозијата во пристаништето во Бејрут, во која десетици луѓе исчезнаа.

300.000 граѓани останаа без покрив над главата, соопштија официјалните лица, пренесува Ројтерс

.

Бројот на загинати од експлозијата се очекува да порасне, за која официјалните лица го обвинуваат големот магацин каде високо-експлозивен материјал бил складиран со години во небезбедни услови на пристаништето.

Претседателот Мишел Аун рече дека 2.700 тони амониум нитрат, кој се користи за ѓубриво и бомби, биле складирани на пристаништето шест години откако бил запленет.

Тој додаде дека владата е решена да истражи што се случило што е можно поскоро и да ги донесе оние кои се однесувале безгрижно пред лицето на правдата.

Владата им нареди на пристанишните службеници, кои биле вклучени во складирање и чување на материјалите, да бидат ставени во куќен притвор, изјавија извори од Министерството за Ројтерс.

Официјалните лица не го потврдија потеклото на првичниот пожар, што доведе до експлозија, иако локалните медиуми и еден извор на безбедност тврдат дека пожарот бил предизвикан од заварување.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.08.2020 - 09:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа