Левица: За бизнисите на Заеви и Русија е алтернатива

Додека владата на СДС, од една страна користи спинови и етикетирања за своите политички неистомисленици карактеризирајќи ги како руски агенти и мрачни сили, од друга страна за бизнисите на Заеви не постои пречка во економска соработка и со Русија. Односно, фирмата „Тргопродукт” од Струмица, која е ќерка-фирма на бизнисот „Мамас” на актуелниот премиер, уште во јануари 2017 година има добиено лиценца за извоз на производи во Руската Федерација. Само „Тргопродукт” во 2018 година остварила профит од 1,25 милиони евра, велат од политичката партија „Левица“

От таму наведуваат дека токму премиерот Заев изминативе три години, при спроведувањето на владините анти-државни политики, обвинуваше за засилени руски влијанија преку своите скапо платени новинарски перјаници и контролирани медиуми. Ваквата црна кампања кулминираше токму пред самиот референдум, при што сите кои застанаа во одбрана на правото на македонскиот народ за самоопределување - беа карактеризирани како ретроградни сили, платени активисти, генератори на лажни вести и одработувачи за руската кауза која се стреми да ја оттргне Македонија од патот кон ЕУ и НАТО.

„Иако во 2017 година, македонските контра-разузнавачки служби информираа за силна субверзивна пропаганда остварувани преку руската амбасада, тоа не е пречка за ширењето на бизнисите на Заеви кои пред јавноста заземаат ставови на линија на ЕУ и НАТО-фундаментализам. Ваквите политичари со вазална матрица на делување, поставени за еднократна употреба, во името на ЕУ и НАТО ја силуваа демократијата, правдата и достоинството на сопствениот народ и држава, додека единствената светост за нив е личниот профит. 

Отсутно е и истражувачкото новинарство да истражи колку профит и преку кои канали фирмите на Заеви соработуваат со Русија, како и да изготват анализа за ваквото влијание врз геостратешките интереси и определби на Македонија. Токму изминативе три години беа доминирани со обемни истражувачки стории кои пишуваа за македонски медиуми, организации и активисти кои наводно платено одработуваат за интересите на Кремљ. Иронијата е евидентна кога ваквите наводи доаѓаат од платени новинари и медиуми финансирани преку разно-разни фондации и тинк-тенк институти, а некои и директно од буџетот на Македонија.“ се вели во нивното политичко соопштение.

Иако интересите на геостратешките партнери СДСМ ги постави пред волјата на македонскиот народ со прифаќање на сите шовинистички и негаторски политики на соседните држави  под изговори дека нема друга алтернатива, сепак за личните интереси на бизнисите на Заеви не постои пречка за соработка и со други алтернативи. 

 

Заклучокот е дека антизападните агенти постојат само кога треба да се шиканираат и гонат неистомислениците на Власта која е подготвена да тргува дури и со државните и националните интереси на Македонија само за да ја задржи позицијата на власт. 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2020 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега