Левица: СДСМ во Карпош нетранспарентно дели проекти на непознати организации

Советникот на Левица во Карпош, Бранко Ристов, на својот фејсбук профил реагира дека локалната власт во Карпош одвоила буџетски средства за проекти за кои не се доставени материјали до советниците. И покрај инсистирањето на советникот на Левица да се објасни која е целта на проектите за кои се одвојуваат 1.200.000 денари, општинската власт не понудила одговор кое е оправдувањето за ваквото трошење на парите на граѓаните. Во продолжение дел од реакцијата:

„Она што беше скандалозно на самата седница, одржана во петокот, беше гласањето на проектите од значење за екологијата без понудени материјали, визија и цели за конкретните. Изгласани беа шест проекти кои дел од советниците ги немаа видено. Не од мрзливост или незаинтересираност, туку едноставно не беа достапни за советниците кои не се дел од Комисијата за екологија и енергетска ефикасност.

На моето инсистирање дека не може Советот да изгласа повеќе од милион денари поддршка на проекти на „слепо“, Советот не беше удостоен ни со кратко појаснување поединечно кој проект што нуди, што планира да постигне и за што ќе ги троши парите на граѓаните. Наместо тоа, Советот доби говори како Комисијата стручно си ја вршела работата и дека ништо не се криело.

Прашањето што останува е колку советници кренаа рака без да знаат што треба да постигнат проектите. Ваквиот пристап на делење проекти без никаква поткрепа за истите делува како предизборно поткупување кое граѓаните ќе ги кошта 1.250.000 денари.”

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.11.2019 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега