Левица поднесе кривична пријава против началникот и инспектор на СВР Битола поради инцидентите на Мечкин камен

„Левица поднесе кривична пријава против Началникот Бенито Јошевски и инспекторот Никола Марковски од СВР Битола поради инцидентите од Мечкин камен, кога полициските и параполициските структури на СДС малтетираа обични граѓани“. Оваа информација ја соопштија од политичката партија Левица, во соопштение испратено до медиумите. 
 
„Преку Уставно гарантираните права на ‘слобода на мисла’ и јавно изразување на мислата, како и правото на мирен собир и изразување протест, целта беше спротиставување на политиките на пробугарската СДС, кои го рехабилитират бугарскиот фашизам и врховизам.
 
Јошевски и Марковски, насилнички им ги одзедоа транспарентите на активистите на Левица и со тоа извршија кривично дело “Повреда на рамноправноста на граѓаните” по член 137, ст. 2 од Кривичниот законик.
 
На транспарентите пишуваше: Стоп за бугаризацијата; и Предавници фашисти, клети врховисти.
 
Режимот ги демонстрира своите авторитарни и анти-македонски одлики и за исполнување на фашистички цели истапува и вон законите. На територијата на државата непрестајно никнуваат здруженија со имиња на фашистички државници и сродни соработници, токму за остварувањето на неофашистичката агенда.
 
Во име на МВР, Оливер Спасовски, јавно изјави дека за инцидентите не може да се постапи додека нема пријава. Затоа, очекуваме институциите да постапат согласно законите и оваа кривичната пријава да биде процесуирана.
 
Јасно е дека народот живее под тиранијата на авторитарен режим, инструментите во рацете на власта вонзаконски се користат на штета на народот и за да опстои, режимот на СДС и ДУИ ја уништува правната држава“, стои во соопштението на Левица.
17.08.2022 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега