Левица: Партиски членови повикани на „информативен разговор“

„Непосредно пред одбележувањето на годишнината од раѓањето на Таткото на македонската нација - Гоце Делчев, повеќе членови на нашиот Централен комитет, без никаков повод и причина, утрово координирано се повикани на „информативен разговор“ во полициските станици ширум Македонија“, велат од Левица во реакција испратена до медиумите по писмен пат.

„Владата и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одамна ставени во служба на неоврховизмот, продолжуваат со тактиките за заплашување и притисок врз Левица, како единствена антифашистичка Партија со теренска поддршка - бидејќи целта е да се задуши народниот антифашистички порив.

Наместо репресијата врз сопствениот народ, Министерството на Спасовски ги штити фашистите како Ангел Џамбаски, кога доаѓаат во Македонија, да ни ја негираат посебноста и да артикулираат иредентистички политики.

Тоа што не го разбираат овие политичари-полтрони е дека борбеноста која се содржи во македонскиот народ не може да биде угнетена преку ваквите подли методи својствени за хибридните режими“, стои во соопштението на партијата испратено до медиумите.

Тоа го прават затоа што и тие како нас знаат дека, на крајот, сепак ние ќе победиме, додаваат оттаму. 

02.02.2023 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа