Левица: Левица е пример за финансиска транспарентност - очајни се обидите за дискредитација

„Државниот Завод за Ревизија, како единствена стручна институција во Македонија, по извршената ревизија врз финансиските извештаи за локалните избори од 2021 година, не констатира ниту една неправилност во финансирањето на политичката партија Левица.“-стои во соопштението на Левица.

-Дополнително, годишната завршна сметка заедно со Извештајот за донации на политичките партии секоја година се поднесува до Државниот завод за ревизија, Централен Регистар и УЈП.

 Без конкуренција, Левица е најтранспарентната парламентарна партија во секој поглед, ослободена од криминалните шеми на останатите политички субјекти - потврдено низ годините и под будното око на институциите.

 Невистините и обидите за дискредитирање се потполно неразумни и неефективни кога станува збор за единствената партија, која преку правичноста и борбата против криминалите се етаблира, како силен општествен фактор.- додаваат од партијата.

 
26.03.2023 - 14:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега