Во изминатите две години, според соопштение на Левица, МВР под раководство на Панче Тошковски не презело значајни активности во врска со наводите за можни злоупотреби поврзани со фирмата што вршела надзор над проектот со „Бехтел и Енка“, иако во јавноста биле објавени сомнежи за високи трошоци и хонорари.

Од Обвинителството информираат дека предметот засега не напредува поради, како што наведуваат, недоволно постапување од страна на МВР во предистрага која трае околу две години. Тие додаваат дека биле испратени и ургенции до МВР за постапување по случајот, се наведува во соопштението на Левица.

Во меѓувреме, се менува сопственичката структура во фирмата за надзор ,,Електра Солушнс” и нов сопственик станува Бојан Савески – кадар на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен соработник на Коце Трајановски. Со тоа, ДПМНЕ од наводен критичар на криминалниот договор со „Бехтел и Енка“ стана директен учесник во шемата од која се вртат милиони евра народни пари.

Особено симптоматична е улогата на „Електра Солушнс“ – фирма која јавноста ја памети како компанија за долен веш, а која подоцна доби околу 8 милиони евра од надзорот над коридорите. Токму ВМРО-ДПМНЕ, додека беше во опозиција, јавно прашуваше како фирма за долен веш добива милионски договори за стратешки инфраструктурен проект. Денес, кога нивни луѓе влегуваат во структурата на надзорот, за истата фирма и истиот криминал – Мицкоски молчи. Јавно објавените информации покажаа и вртоглави суми за ангажираните експерти од Македонија преку оваа фирма: по 20.000 евра месечно за надзорни инженери и дури 300.000 евра по преговарач!

Панче Тошковски и МВР уште еднаш покажаа дека ветувањата за одговорност за историскиот криминал со ,,Бехтел и Енка” биле само предизборна лага. Откако Артан Груби им „избега“, па сам се врати без институционална реакција, сега истите структури го штитат и криминалот со „Бехтел и Енка”. ДПМНЕ не само што не го гони историскиот криминал со „Бехтел и Енка“, туку очигледно реши да стане дел од него.

Exit mobile version