Левица: ДУИ и СДС ја губат локалната власт во главниот град

„Ја известуваме јавноста дека досегашната парламентарна опозиција во македонското Собрание, преку своите освоени советници во Град Скопје на последните Локални избори 2021, обезбедија апсолутно мнозинство од 24 советници од вкупниот број на 45 советници во Советот на Град Скопје“-се вели во официјалното соопштение на политичката партија Левица.

„Новото градско мнозинство ќе функционира по принципот на конкретна соработка на точно одредени програмски проекти кои се во јавен интерес на народот и исклучиво за доброто на локалните жители и на месното население. Со ова, обзнануваме дека актуелната владина коалиција на СДС и ДУИ ќе биде опозиција во градот Скопје! Следуваат многу подобри денови во раководењето со градот, во корист на сите жители на Скопје и на неговите општини“-се додава во соопштението.

28.10.2021 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа