Лето 2019 потопло од другите – најнова месечна анализа

Најновите анализи кој ги направивме за лето 2019 укажуваат на тоа дека истото ќе биде потопло за разлика од изминатите што значи може да очекуваме поизразени топлотни бранови, соопштува метеорологот Славчо Поповски.

Треба да очекуваме температурите во некои денови да се искачуваат дури и над 40 степени.

Што се однесува пак до врнежите, тие ќе бидат околу или малку над просекот, секако поради загревање и исполнување со енергија во атмосферата може да се очекуваат и повремени поголеми дестабилизирања на истата и токму овие би условувале изразен развој на конвективна облачност (олујни системи) кој би носеле со себе поројни дождови, силни грмежи, силен ветер и град.

Инаку изминатото лето во нашата држава помина во знакот на не претерано топло и со чести посвежи продори од север како и со чести врнежи од дожд.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.02.2019 - 17:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега