Летна сезона со ниско цени во Хрватска: Луксузни апартмани само за 18 евра, вили во Дубровник со базен за 30 евра

Пандемијата на корона вирусот го направи своето. Земјите прават се за да може колку толку да ја спасат туристичката сезона, која речиси е уништена. Последното истражување во Хрватска покажува дека ова лето ќе биде сезона на ниски цени.

На Хвар, на пример, лани само омлет чинел 24 евра, а сега се нудат ноќевања за по 18 евра. Гостите се уште ги нема, па цените вртоглаво паѓаат. Во строгиот центар на Дубровник, каде што еден час за паркинг се плаќа 10 евра, сега ноќевањата станови од соништата се нудат и за по 20 евра.

Цели вили покрај Задар се изнајмуваат за помалку од 50 евра, а макар и да се откаже резервацијата дури и еден ден претходно, договорениот износ се враќа веднаш на закупувачот.

Вили за четворица со спектакуларен поглед на море и базени, на Хрватската ривиера се изнајмуваат од 60 евра па надолу. Меѓу поефтините сместувања со базен има и во Дубровник, каде што цените се од 30 до 50 евра.

Има и оптимисти кои нудат ноќевања и за по 100 евра во вили со базени, опкружени со лаванда и винова лоза, но генерално, оваа година летувањето во Хрватска е далеку поефтино од изминатите годинио. Голем дел од приватниците кои се занимаваат со туризам, нудат цел објект со базен за само 30 евра.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.05.2020 - 09:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега