Летна покривот на средното хемиско училиште поради невремето во Скопје

Силниот ветер кој синоќа дуваше со 100 километри на час го откорна покривот и на средното хемиско училиште Марија Кири Склодовска, а булеварот Партизански одреди до 3 часот по полноќ беше блокиран од покрив кој падна од станбена зграда. 

Ова училиште беше реновирано пред 6 месеци. Во септември на социјалните мрежи градоначлникот Шилегов го промовираше новиот изглед на училиштетот претставувајќи го како нов стандард во образованието.

Откорнати кровни конструкции, оштетени фасади на објекти, паднати дрвја, оштетени билборди и возила е билансот од силниот ветер што доцна синоќа дуваше во Скопје.

Дел од последиците што ги остави силниот ветер можеа да се забележат и утринава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2020 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега