Летаат казни за нечистење на снегот во соседството - во еден град казната е 500 евра

Комуналната полиција во Ниш издала скоро 260 наредби за чистење на снегот и мразот и издала 13 прекршочни казни поради нечистење на снегот од тротоарите и јавните површини, изјавил началникот на Комуналната полиција во тој град, Милан Ѓорѓевиќ.

Според она што тој го кажал, шест правни лица се казнети во четвртокот со по 60.000 динари (500 евра) казна, а 6 одговорни лица во правно претприемништво и еден граѓанин со по 6.000 денари.

Тој кажал дека комуналната полиција апелира до сите граѓани да го чистат снегот пред своите кучи и локали, но и пред зградите.

Висината на снежната покривка во Ниш изнесува 38 сантиметри.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.01.2019 - 18:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега