Лепавцов: Веројатно ќе има некоја фраза за Македонија како утешителна награда што нема датум

Македонија е поинаков случај од Албанија, и мислам дека ќе има некоја фраза од Самитот на европските лидери во Брисел која ќе биде утешителна награда во отсуство на датум за старт на преговори, рече Андреј Лепавцов, поранешен амбасадор на Македонија во ЕУ коментирајќи ги актуелните настани и темите на бриселскиот самит, пренесува „Курир“

-Поинакви сме од Албанија и оттука вордингот ќе биде поинаков за нас. Веројатно ќе има фраза која ќе биде утешителна награда. Мислам дека исто така може да се очекува дека ќе има обврска за европските лидери да продолжат со притисокот врз Франција по прашањето за проширување на Европската унија, рече Лепавцов.

Но, според него мора да се има во предвид и внатрешните промени во Унијата.

-Новата Европска комисија ќе треба да се заземе за проширувањето на Унијата, потоа ќе треба да се види однесувањето на новиот комесар за проширување. Многу ќе биде важно како еврокомесарот, со каков жар ќе го турка проширувањето, посочи Лепавцов укажувајќи дека понатаму се ќе зависи и сите овие нешта. -Кај нас поради изостанувањето на датум за преговори со Брисел ќе се зголеми горчината ка граѓаните, рече Лепавцов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.10.2019 - 22:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега