Лепа Брена откри на кој начин ослабела дури 17 килограми - пејачката откри што јадела

Лепа Брена која на музичката сцена е повеќе од 35 години зад себе има оставено голем број на хитови, а во одредени периоди од кариерата таа правеше и драстични промени на себе.

Таа за српските медиуми неодамна откри дека на почетокот на својата кариера се борела со вишокот на килограмите.

Тогаш како што вели Брена изгубила дури 17 килограми, а причината поради нејзиното ослабување била коментарот на еден келнер во хотелот во кој настапувала.

-Јас очекував дека ќе дојде пејачката, а дојде трафостаница, искоментирал келнерот на бендот на пејачката.

Брена го слушнала и признава дека тоа ја погодило.

-Мене тоа ме погоди и тоа многу сериозно, а малку и повреди. Кога ослабев повеќе од 10, 12, 13 килограми, тогаш сакав моето тело да го доведам до совршенство, вели пејачката.

Таа додава дека наутро јадела по две јајца, попладне посна супа без маснотии, секако месо пречено на скара или пак варено.

Пејачката открива и дека последниот оброк важно е да биде до 18 или 19 часот навечер.

-Тоа треба да биде лесна храна. Може исто јајца, конзерва риба, секако сето тоа со салата.

За само шест месеци таа со овој начин на исхрана од 84 килограми имала 67.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.11.2019 - 16:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега