Лекот „хлорокин“ (chloroquine) ставен на листата за укинување на царинската давачка

Дополнување на Одлуката за укинување на увозната давачка – царинската стапка за потрошен медицински материјал и за лекот „хлорокин“ (chloroquine), донесе Владата на денешната 29-та седница.

-Во насока на обезбедување сеопфатен и координиран пристап во идентификување и пренасочување на достапната билатерална помош за активностите за спречување на КОВИД-19, на оваа седница Владата ги задолжи сите органи на државната управа кои добиваат помош од билатерални донатори итно да го известат Секретаријатот за европски прашања за висината на средствата кои стојат на располагање за секој од проектите. СЕП потоа, ќе достави формално барање до билатералните донатори за пренамена на средствата за справување со КОВИД-19, согласно утврдените приоритетни потреби, се наведува во соопштението од владината прес-служба. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2020 - 21:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега