Лекарите во Вухан се борат против коронавирусот - работат во пелени, заштитната опрема ја користат неколку пати

Лекарите во Вухан се борат против епидемијата коронавирус, а соочени се со големи проблеми - мораат да лекуваат се поголем број на пациенти, а под голем ризик е дека и самите ќе се заразат поради големиот недостиг на заштитни маски и останата заштитна опрема.

Уморни и ослабени, медицинските работници секоја недела добиваат илјада нови пациенти.

Многу лекари мораат да прегледуваат без заштита, а дел во иста заштитна опрема која ја носат неколку пари, иако препорачливо е да се менува редовно.

Некои лекари дури работат во пелени, за да избегнат пресоблекување и така подолго да ја користат истата заштитна опрема, јавува АФП. Еден лекар во болница во Вухан изјавил дека најмалку 16 негови колеги добиле симптоми на коронавирус.

-Како лекари не сакаме да работиме заразени, но нема кој да не менува“, изјавил еден лекар.

Лекарите носат заштитни одела и по девет часа, иако по пропис се налага дека не смее да се носат повеќе од 4 часа за време на карантин.

Раскажале и дека некои заштитни одела ги носеле по пет дена секој ден, со што после секое користење ги десинфицирале и ги користеле следниот ден.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.02.2020 - 17:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега