Лекари, медицински сестри, роднини на жртвите и државни службеници повикани да сведочат за пожарот во Тетово

Лекари и медицински персонал, членови на семејства на жртвите, вработени во Министерството за труд и социјална политика, како и надлежни за набавката, монтирањето и одржувањето на модуларната болница, биле повикани во јавните обвинителства во Тетово и во Скопје за да дадат искази и сведочења за сите околности поврзани со трагедијата, информира Службата за односи со јавноста при Републичкото јавно обвинителство, во одговор до „Слободен печат“.

„Интензивно се прибираат вербални и материјални докази. Сослушани се повеќе лица кои можат да дадат податоци за настанот, меѓу кои и медицинскиот персонал, претставници од проектната единица при Министерството за труд и социјална политика, лица вработени во надлежните институции кои ја спровеле постапката за јавна набавка и поставување на модуларната болница, членови на семејствата на починатите. Повикани се и други лица, чии искази ќе помогнат во откривањето на причините за пожарот, a чиј конкретен број во моментов не може да се прецизира, од причина што зависи од потребата за целосно расчистување на причините за пожарот – се вели во одговорот од ЈО.

22.09.2021 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега