Лекари краделе и продавале органи од пациенти: Шестмина уапсени во Кина откако ги открил синот на една од жртвите

 

Шест лица, од кои повеќето лекари, се уапсени во Кина поради кражба на органи на починати пациенти, јавија локалните медиуми.

Криминалната група ги лажела семејствата на починатите дека органите ги користат за да им помогнат на болните луѓе на кои им е потребна трансплантација, објави „Би-би-си“.

Истрагата утврди дека меѓу 2017 и 2018 година тие отстраниле црн дроб и бубрези од 11 лица во болниците во провинцијата Анхуи.

Во Кина има многу луѓе на списокот на чекање за органи, и на државата и е тешко да најде доброволни донори, додава „Би-би-си“.

Според извештаите на локалните медиуми, со трговијата со органи се занимавале четворица високо рангирани лекари, кои работеле во одделот за донирање органи во болници.

Претежно краделе органи од жртви на сообраќајни несреќи кај кои имало сериозни повреди на мозокот, додека другите органи останале неоштетени. Шефот на интензивна нега, Јанг Суксун, одел кај семејствата за да ги праша дали се согласуваат да ги донираат органите на починатиот, на што некои семејства дале писмена согласност.

Телата на починатите потоа биле однесени од болниците среде ноќ и биле ставани во комбе, кое било обоено во брза помош, а потоа органите биле вадени на непознати локации.

Органите подоцна биле продавани на поединци или болници во тајност, а криминална група била откриена кога се посомневал синот на една од жртвите.

Ши Ксианглин ги прегледал документите на неговата мајка неколку месеци по нејзината смрт во 2018 година, наведувајќи дека се согласил на донирање органи, сепак, тој открил некои недостатоци во документацијата, како и празни полиња, што укажувало на тоа дека не се знае каде одат органите.

Кога открил дека нема информации каде отишле органите на неговата мајка, го прашал Јанг каде се, на што шефот на интензивна нега му понудил голема сума пари само за да молчи, но тој отишол во полиција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2020 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега