Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска упати сериозни обвинувања до раководството на СДСМ, тврдејќи дека Венко Филипче и Зоран Заев му овозможиле на Александар Онишченко, човек близок до Владимир Путин, да добие македонско државјанство и да развива бизниси во земјава.

Близок соработник на Путин во прегратки на Филипче и Заев, вели Лефков.

„СДС на Венко Филипче и Зоран Заев му даде државјанство на човекот на Путин, Александар Онишченко, и му овозможи да тера бизниси во Македонија.

Инаку, Онишченко бил член на проруската партија на тогашниот претседател Виктор Јанукович, своевремено и пратеник во Украина, и станува збор за човек кој е осуден на 15 години затворска казна поради перење на пари и корупција.

Кога Онишченко беше баран со меѓународна потерница од родната му Украина, кога сите држави не го примаа и не му даваа престој, нашата влада предводена од СДС го вдоми и му даде државјанство“, истакна Лефков.

Лефков посочи дека СДС на Филипче и Заев ја отворија вратата на рускиот бизнис и Путин, за преку Македонија да прават пари во Европа.

„Филипче и Заев со ваквото доделување државјанства на руски олигарси и блиски луѓе до Владимир Путин, водеа антидржавна политика водена исклучиво од лични интереси.

Филипче и Заев ги дели само еден телефонски повик од Владимир Путин.

Тоа е таа руска игра во СДС. И кога слушаме Бела Чао, или Катјуша од Бихаќка знаеме дека некој им дошол на гости.

Игрите и комбинациите на СДС со Русија преку Македонија и институциите ја прекина ВМРО-ДПМНЕ и тoa повеќе нема да биде случај“, нагласи Лефков.

Exit mobile version