Ледено утро и многу снег: УХМР најавува што не чека

 

 Облачно со повремени врнежи од дожд претежно во јужните делови и со снег во северните делови ќе преовладува и денеска во Македонија.

Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет, а веќе во попладневните часови речиси насекаде во државата ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен ветер главно од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до три, а дневната од минус еден до осум степени.

Во Скопје врнежите ќе бидат од снег и ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе достигне до три степени.

За време на викендот во утринските часови на повеќе места температурите ќе бидат под и околу нула.

Постепено затоплување со повремени врнежи од дожд ќе има од недела попладне. 

 

 

 

23.03.2018 - 08:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега