Леа пред 9 месеци исчезнала на пат до работа во Лондон - нејзиното семејство доживеало нова трагедија

Семејството Краучер го обележаат две трагедии, откако ниниот 24-годишен син Хејдон починал во болница, девет месеци по исчезнувањето на неговата 19-годишна сестра Леа.

Таткото на Хејдон потврдил дека нивниот син починал, иако не се откриени причините за неговата смрт.

Неговата сестра Леа, со која бил многу близок, исчезнала во февруари, но и после масовната полициска истрага и апел не била откриена ниту една трага. Леа исчезнала на пат кон работа во Милтон Книз во Бакингемшир.

„Каков живот...Реагиравме со синот во четвртокот вечерта, девет месеци откако нема вести за Леа. Тоа е ужасна работа со која мораме да се соочиме. Се договоривме дека ќе се најдеме следниот ден за со тоа да се соочиме заедно, но полицијата неколку часа подоцна чукна на врата и рече дека Хејдон се бори за живот“, раскажал Џон, инаку инструктор за боречки вештини.

Лекарите му соопштиле на семејството дека прогнозата е лоша.

„Седеше сам крај неговиот кревет и гледаше како состојбата му се влошува од минута во минута. Мораме да кажеме збогум, Што да се каже во таква ситуација?“, рекол таткото.

„Кажете му дека го сакате. Потсетете се на смешните работи и молете го да се врати. На крајот ќе морате да го пуштите да оди во мир. Држете го додека заминува. Малку е да се каже дека срцата ни се скршени“.

Цон навел дека неговиот син бил љубезен, духовит, паметен и полн со љубов.

„Тој велеше дека е неверојатно згоден, Имаше големо срце и само 24 години. Премлад е да замине засекогаш. Остави зад себе две семејства и пријатели. Засекогаш ќе ни недостасува“, истакнал тој.

Како што пренсува Дејли Меил, Хејдон учествувал во потрагата по својата помала сестра и во мај се појавил на судење под обвинение дека му се заканувал на човекот кој се забавувал со Леа. 

Леа исчезнала на 15. фервруари, последен пат била видена во Милтон Книз, во нешто пред 08:15 часот додека одела на работа. Ноќта пред исчезнувањето има објаснила на родителите каде била 75 минути кои не ги поминала дома. Откако исчезнала нејзината кредитна картичка и телефонот не се користени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.11.2019 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега