ЛДП со предлог: Патните исправи да важат до истекот на нивниот рок со печат на Северна Македонија

Во настојувањето да се олесни движењето на граѓаните на Република Северна Македонија надвор од границите на државата и проблемите со кои се соочуваат при нивните патувања, но и престој во странство, пратениците на Либерално-демократската партија предлагаат дополнување на Законот за патните исправи.  

-Предложените дополнувања се насочени кон унапредување на патните исправи и дефинирање на јасни правила за државјаните на земјава, при што ќе се овозможи непречено движење на граѓаните надвор од границите и повторно враќање во истата со поседување на валидна патна исправа, односно патна исправа која содржи печат на Република Северна Македонија со која државата го потврдува идентитетот на лицето и важи до истекот на рокот на важноста на патната исправа, појаснуваат од ЛДП. 

Според партијата оваа иницијативата е мотивирана од потребата за доследно почитување на уставно загарантираните права на слобода на движење. Промените се предложени по итна постапка поради нивната значајност за основните човекови права и не пдонесуваат дополнителни финансиски импликации на буџетот ниту на граѓаните ниту пак на државата. 

-За нас секој е важен и сметаме дека патната исправа која важи како потврда со која државата гарантира за идентитетот на нејзиниот сопственик може да биде валидна и со печатот Република Северна Македонија до истекот на рокот на важноста на истата, а потоа да биде соодветно заменета на нов образец. Со ова сметаме дека не се нарушува Преспанскиот договор кој доведе до исполнување на државна цел - членството во Нато, додаваат од ЛДП.

27.02.2024 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега