Лажна е пријавата за бомба која ги испаничи скопјани

Лажна е пријавата за експлозивна направа во Македонскиот народен театар, соопшти МВР.

-Ја известуваме јавноста дека МВР ги направи потребните проверки и утврдено е дека пријавата за напад е лажна. Се преземаат мерки за утврдување на пријавата и преземање на соодветни мерки и санкции против личноста која лажно пријавила. Им благодариме на граѓаните за трпението, и на медиумите за професионалниот однос кон ситуацијата, велат од МВР за Прес24.

Претходно од полицијата соопштија дека пријавата пристигнала во 16:45 часот на билетарата во МНТ.

Центарот на Скопје беше целосно блокиран кога полициските службеници ја бараа наводната експлозивната направа. Полициски специјалци ги евакуираа Македонската опера и балет, Филхармонија, средното музичко училиште „Илија Николовски – ЛУЈ“, како и други околни објекти.

30.11.2021 - 19:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа