Лажен јасновидец ја убедил да имаат односи за да се тргне магијата додека сопругот ја чекал пред врата

Јасновидците во Србија користат секакви методи за да им „помогнат“ на загрозените луѓе кои им се обраќаат, а пред сè да ги наполнат своите паричници. Некои од нив имаат невообичаени и крајно непристојни „мерки“, па така еден маж претставувајќи се како Тришо Јасновидецот се обидел да измами жена дека магијата ќе ја снема доколку таа има секс со него.

Жената што ја „платила“ оваа измама сега се обидува да ги предупреди останатите да не се залетуваат да му поверуваат на овој јасновидец бидејќи на неа веќе и е уништен животот.

Поради семејни и здравствени проблеми, младата жена побарала совет од извесен јасновидец Зоран Т. познат како Тришо јасновидецот, и оттогаш нејзиниот живот станал пекол. Во својата исповед таа тврди дека тој ја злоставувал, и дека и ги уништил бракот и семејството и дека денес едвај се движи. Таа моли некој да го спречи овој измамник.

Таа своето сведоштво го изнела на интернет на страница за измамени жртви од јасновидци.

„Зоран Т, е најголемиот измамник во Србија, наречен Тришо јасновидецот. Работејќи преку фотографија, преку хипноза, ме принуди несвесно да се соблечам. Тој ми ги допираше градите додека мојот сопруг и мојот син седеа пред куќата затоа што тој индивидуално нè внесуваше во просторијата … – напиша оваа жена на една од страниците за измама.

Таа вели дека долго време, не можела да му каже на никого, се доверила, затоа што се срами од сето она што се случило.

„Останавме без пари, не можам да одам по улицата, тоа ми го уништи бракот и нè направи будали. Тој нанесе голема штета на нашата куќа и оттогаш ништо не одеше како што треба. И денес тоа врши притисок врз мојот ум и моето тело. Тој го уништи семејството и не знаеме што се случува со нас – оваа жена сведочи дека е убедена дека јасновидецот продолжува да влијае врз неа и дека тој е главниот виновник за нејзината состојба.

„Верувам дека ќе му плати на Бога еден ден за сите зла, и се надевам  ќе плати и во полиција, вели очајната жена.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2020 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега