На 27.06.2026 година, околу 11:00 часот, во Тетово, на крстосницата од улиците „Видоје Смилевски Бато“ и „29 Ноември“, полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода Н.Б. (65), државјанка на Република Албанија, поради сомнение за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.

Според пријавата поднесена претходниот ден од 67-годишен маж од Тетово, тој бил измамен од женско лице кое лажно се претставувало како универзитетска професорка. Таа во неколку наврати во изминатите три месеци од него позајмила 3.400 евра, тврдејќи дека ќерка ѝ доживеала сообраќајна несреќа во Франција и дека ѝ се потребни средства за лекување.

По целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Exit mobile version