Лазаров: Во последните две години растот на просечната плата забавува – во регионот платите растат 3 пати побрзо

Морам да констатирам дека во последните две ипол години растот на просечната плата во Република Македонија забавува, вели за Детектор професорот на Економскиот факултет при Универзитетот Гоце Делчев во Штип, Дарко Лазаров. 

Тој вели дека ако денеска платите растеле со исто темпо како во периодот од 2006 до 2016 година, граѓаните месечно ќе земаа во просек по 1200 денари повеќе. 

„Откога оваа Влада е на власт има забавување. Во периодот од 2006 до 2016 година просечната нето плата во Република Македонија растеше со 5,4% годишно. Во овие двеипол години имаме просечно зголемување на нето платата од 4,4% што значи за 1 процентен помалку. Вчера излегоа податоците за просечната плата во декември 2019 година и можеме да констатираме дека стапката на раст на нето платата во 2019 година е 3,9% што е уште повеќе забавување и во однос на последната година ипол што покажува дека и покрај тоа што беа преземени сет на мерки со зголемување на минималната плата, субвенционирањето на придонесите, сепак не ги даде очекуваните резултати во смисла дека најголем дел од платата во Република Македонија и во сите економии во светот е базирана врз зголемување на продуктивноста. Факт е дека во Република Македонија во изминативе двеипол години имаме намалување на продуктивноста на работниците“ – вели Лазаров.

Тој потенцира дека платите може да растат само ако расте додадената вредност по работник. Лазаров вели дека е платите мора да растат но тоа мора да биде во нормални пазарни услови, а не како што прави оваа влада со статистичка козметика. 

„Минималната плата е само еден мал сегмент од просечната плата. Вие со зголемување на минималната плата не можете да очекувате да расте драматично и просечната нето плата. Просечната нето плата е просечна плата на 800.000 вработени. Од друга страна, ако го земете опсегот на луѓе кои што претходно беа под прагот на минималната плата ќе видите дека тоа се само 30 до 40 илјади луѓе“ – вели Лазаров.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.02.2020 - 16:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега