Лазаревска: Обезбедуваме вклученост на децата со попреченост во редовната настава со вработување на 500 образовни асистенти

СДСМ гради фер и правично општество со високо развиена свест за почитување и прифаќање на различностите, обезбедуваме вклученост на децата со попреченост во редовната настава. Завршија јавните огласи за вработување на 500 образовни асистенти кои од почетокот на новата учебна година ќе бидат поддршка на децата со попреченост вклучени во редовната настава, информираше денеска пратеничката од редовите на СДСМ, Жаклина Лазаревска.

За таа цел, додаде Лазаревска, се издвоени 59 милиони денари, со што за првпат системски се решаваат како што вели вработувањата на образовните асистенти.

„Образовните асистенти ќе имаат 24.000 денари месечна нето плата и ќе бидат вработени во петте основни училишта со ресурсен центар „Златан Сремец“ и „Иднина“ од Скопје, Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор, глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ од Битола, „Климент Охридски“ од Ново Село и ОУРЦ „Маца Ѓоргиева Овчарова“ од Велес“. Учебниците согласно новата Концепција за основно образование, за прво и четврто одделение ќе бидат адаптирани на потребите на учениците со попреченост, а развиен е и аудио читач кој ќе може да ги чита наставните материјали на македонски и на албански јазик“, нагласи Лазаревска.

Според неа, власта обезбедува инклузивно образование достапно за секое дете, сите лица со попреченост да имаат еднакви шанси за развој и придонес во општеството.

28.07.2021 - 14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега