Лавров: Западот незаконски ја призна независноста на Косово

 

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Западот незаконски ја признал независноста на Косово.

Во интервју за ТВ каналот Звезда, Лавров рече дека во обид да ја задржи доминацијата, Западот го отфрла меѓународното право и на сите им наметнува „светски поредок заснован на правила“.

Во исто време, како што додаде, правилата биле дизајнирани за одредена „задача“.

„Кога е потребно, таа е подготвена да ја признае независноста, прогласена за нелегитимна, без никаков референдум, еднострано (како што беше случајот со Косово). Кога не е потребно, отворен референдум на Крим, кој го следеа бројни претставници на граѓанските општеството во западните и другите земји, тоа е прогласено за нелегално“, рече Лавров.

Во интервјуто министерот истакна дека Западот бесрамно се обидува да ги натера сите земји во светот да го сменат мислењето за Русија.

29.08.2022 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа