Лавров за случајот со Навални: Нашите западни партнери ги минаа сите граници на здравиот разум

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, во интервју за РТВ 1 изјави дека западните партнери на Русија ги преминале сите граници на здравиот разум во случајот со Алексеј Навални.

– Што се однесува до оваа состојба, како што гледам јас, нашите западни партнерите ги минаа сите граници на пристојност и на здрав разум, рече Лавров по повод „случајот Навални”, пренесе агенцијата Тасс.

Здравствената состојба на рускиот опозиционер Алексеј Навални продолжува да се подобрува, тој повеќе не е приклучен на респиратор и на кратко може да стане од кревет, соопшти денеска берлинската клиника „Шарите” каде што е сместен.

За време на летот од Томск кон Москва на 20 август, на Навални одеднаш му се слошило па авионот морала принудно да слета во Омск. Тој бил пренесен во болница, но набрзо потоа паднал во кома. Лекарите во сибирската болница соопштија дека кај Навални не се пронајдени знаци на труење.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.09.2020 - 20:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа