Лавров: Воведувањето на корона пасоши во ЕУ е спротивно од доброволната вакцинација

Воведувањето на ковид пасошите на територијата на Европската унија би било целосна спротивност со принципот на доброволна вакцинација, изјавил министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

„Проилзегува дека оваа идеја е спротивност со правилата на демократијата, затоа што во земјите на ЕУ, постои одлука дека вакцинацијата е доброволна. Ако се воведат ковид пасоши тоа ќе биде спротивно од доброволноста. Тоа значи дека луѓето ќе бидат натерани на сила, ако луѓето секако сакаат да патуваат, а во Европа, без движење меѓу земјите членки на унијата жителите тешко ќе можат да живеат“, рекол Лавров.

Тој додал дека одлуката на ЕУ врзана со можноста за воведување на ковид пасоши не би требало да ги дискриминира граѓаните на Русија, пренесува Спутњик.

„Се уште не можам ништо да кажам како ова ќе влијае врз можностите на граѓаните на Русија. Мораме да ја почекаме конечната резолуција“, кажа Лавров.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.03.2021 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа