Лавров: Русија не е чиста и не се срамиме да покажеме кои сме

 

Откако руската армија ја нападна Украина пред речиси четири месеци, илјадници цивили беа убиени и цели градови претворени во урнатини, додека милиони Украинци ги напуштија своите домови.

Но, во четвртокот, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров погледна во очите на новинарот на Би-Би-Си Стив Розенберг и рече дека работите не се како што изгледаат.

– Не ја нападнавме Украина. Прогласивме специјална воена операција бидејќи немавме апсолутно никаков друг начин да му објасниме на Западот дека вовлекувањето на Украина во НАТО е криминален чин – тврди Лавров.

Откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари, Лавров даде само неколку интервјуа за западните медиуми.

Тој го повтори официјалниот став на Кремљ дека во Украина има нацисти.

Руските власти често тврдат дека нивната војска ја „денацизира“ земјата. Лавров неодамна предизвика тревога кога се обиде да ја оправда нацистичката навреда кон украинскиот претседател, кој е Евреин, со смешно тврдење дека Адолф Хитлер има „еврејска крв“.

Новинар на Би-Би-Си ја цитираше неговата изјава во официјалниот извештај на ОН за украинското село Јахидне во регионот Чернихив дека „360 жители, меѓу кои 74 деца и пет лица со посебни потреби, биле принудени од руските вооружени сили да останат 28 дена“ во подрумот на училиштето. Немаше тоалети,вода. Загинаа 10 постари лица“.

– Дали е тоа борба против нацистите? – го праша Лавров новинар на Би-Би-Си.

– Голема штета е, но меѓународните дипломати, вклучително и високиот комесар за човекови права на ОН, генералниот секретар на ОН и други претставници на ОН, се под притисок на Западот.

И многу често се користат за ширење лажни вести што ги шири Западот – рече Лавров и додаде:

– Русија не е чиста. Русија е тоа што е. И не се срамиме да покажеме кои сме.

16.06.2022 - 20:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа