Ласери доаѓаат во Украина: Моќно руско оружје кое треба да ги загрижи сојузниците на Киев

 

Русија денеска откри дека користи нова генерација на моќно ласерско оружје за палење дронови во Украина. Исто така, објави дека распоредува тајно оружје за да се спротивстави на големото количество западно оружје што се доставува до таа соседна земја.

Во 2018 година, претседателот Владимир Путин воведе многу нови оружја, вклучувајќи нова интерконтинентална балистичка ракета, нуклеарни подводни дронови, суперсонично оружје и ново ласерско оружје. Но, малку се знае за новото ласерско оружје. Путин спомена еден од нив – Пересвет, именуван по средновековниот руски православен монах Александар Пересвет, кој загинал во битка.

Јуриј Борисов, заменик-премиер задолжен за развој на армијата, на конференцијата во Москва рече дека Пересвет е веќе распореден и дека може да ги заслепи сателитите до 1.500 километри над Земјата. Тој додаде дека веќе има помоќни руски системи од Пересвет, кои можат да согоруваат беспилотни летала и друга опрема. Борисов рече дека вчера е извршено тестирање на оружје кое за пет секунди изгорело дрон од пет километри.

„ Ако Пересвет може да ослепи, тогаш новата генерација на ласерско оружје доведува до физичко уништување на целта – термичко уништување, тие паѓаат“, изјави Борисов за руската државна телевизија. На прашањето дали такво оружје се користи во Украина, Борисов рече: „ Да. Таму веќе се користат првите прототипови“.

Тој рече дека оружјето се вика Задар. Речиси ништо не се знае за Задар, но руските медиуми во 2017 година објавија дека руската државна нуклеарна корпорација Росатом помогнала во развојот на тоа оружје како дел од програмата за создавање оружје заснована на нови физички принципи, познати под рускиот акроним ONFP.

18.05.2022 - 19:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега