Лани девет, годинава седум смртни случаи на мигранти и бегалци на територијата на државава,

Лани на територијата на државава се документирани девет смртни случаи на бегалци и мигранти, а годинава уште седум, покажуваат податоците на Агенцијата на ОН за бегалци УНХЦР.

Според новиот извештај кој излезе вчера во соработка помеѓу УНХЦР и Центарот за мешани миграции (ММЦ) при Данскиот совет за бегалци, илјадници бегалци и мигранти умираат, додека многумина се соочуваат со екстремни кршења и злоупотреби на човековите права за време на нерегуларните патувања помеѓу Западна и Источна Африка и африканскиот средоземен брег, сооопшти Канцеларијата на УНХЦР во Скопје.

-Претставништвото на УНХЦР во Скопје е исто така загрижено околу бројот на смртни случаи на територијата на Северна Македонија: во 2019 година беа документирани седум, а оваа година досега се бројат уште седум жртви на овие сурови патишта. На 30 јули, Светскиот ден против трговијата со луѓе, повикуваме на зајакната заштита на луѓето кои се движат во потрага по безбедност,  стои меѓу останатото, во соопштението од Канцеларијата на УНХЦР во Скопје.

Собирањето точни податоци за смртните случаи во контекстот на нерегуларни мешани движења кои се во контрола на трговците и криумчарите на луѓе, соопштуваат, е неверојатно тешко бидејќи многу од нив се случуваат во сенка, далеку од погледите на властите и нивните формални системи за менаџирање на податоците и статистиките.

-Сепак, резултатите на извештајот кој се темели на програмата за собирање на податоци на ММЦ, како и податоци од дополнителни извори, велат дека најмалку 1.750 лица загинале на овие патувања во 2018 и 2019 година. Ова укажува на најмалку 72 смртни случаи месечно, што ја прави оваа рута една од најсмртоносните бегалски и мигрантски рути во светот.  Овие смртни случаи се згора на илјадниците кои починале или исчезнале последниве години во обидите за очајнички патувања преку Средоземното Море до Европа, откако стасале до северниот африкански брег, се наведува во соопштението. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.07.2020 - 18:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега