Ламбе Алабаковски ќе настапи во Општина Илинден на празникот ,,Илинден 2-ри Август”

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска во својот кабинет ја прими македонската пејачка ѕвезда Ламбе Алабаковски, кој ќе настапи по повод одбележувањето на националниот празник на македонскиот народ и патрониот празник на Општина Илинден ,,Илинден 2-ри Август.

На средбата беа договорени деталите за манифестацијата која ќе се одржи на 28.07.2022 (четврток) во комплексот на  Домот на култура ,,Илинден.

Покрај настапот на Ламбе Алабаковски, манифестацијата ќе биде збогатена со богата културно уметничка програма.

21.07.2022 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега