Лајен: Невозможни се нормални односи со Путин

 

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека е невозможно да се нормализираат односите меѓу Европската унија и рускиот претседател Владимир Путин.

Говорејќи за телевизијата Украина 24, фон дер Лајен објасни дека санкциите воведени кон Русија го отежнуваат обновувањето на нормалните односи со Путин.

Путин го обвини Западот дека ги игнорира основните принципи на светската економија, што дополнително ги влошува глобалните економски проблеми како што се намалувањето на деловната активност и зголемената невработеност.

24.06.2022 - 18:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега