Лајчак вознемирен за ситуацијата во Косово

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак, рече дека е загрижен за ситуацијата во северно Косово и повика на смирување на тензиите.

„Ги известив шефовите на мисиите на ЕУ за ситуацијата на северот на Косово. Загрижен сум и повикувам на итна смиреност“, напиша Лајчак на „Твитер“.

За Лајчак, според напишаното, важно е да се намалат тензиите, да се врати мирната атмосфера и да се дозволи слобода на движење.

Тој е во посета на Белград, од каде што вели дека разговарал за ситуацијата на северот на Косово и со амбасадорите на ЕУ.

„Подготвени сме да посредуваме во разговорите за сите отворени прашања во дијалогот меѓу Белград и Приштина“, вели тој.

Инаку, од вчера на два гранични премина на северот на Косово, Јариње и Брњак, беа распоредени припадници на Специјалната единица на косовската полиција.

Граѓаните од северно Косово се собраа на граничните премини за да изразат незадоволство од воведувањето реципрочни мерки за регистарските таблички.

МАКФАКС

21.09.2021 - 18:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега