Лагард порача: Грција треба да продолжи со реформите

Грција треба да продолжи со институционалните и структурните реформи во државниот сектор, изјави извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард, откако Фондот синоќа соопшти дека ја деблокира петтата транша од помошта за Грција во износ од 1,72 милијарди евра.

Лагард им препорача на властите во Грција да вложат поголеми напори, за да може земјата да го постигне саканиот траен економски раст.

Добредојдени се уверувањата на европските партнери дека доколку биде потребно ќе разгледаат мерки и помош за намалување на грчкиот долг до значителни нивоа под 110 отсто од БДП до 2022 година, што зависи од целосната примена на барањата кои се содржат во грчката програма, истакна Лагард.

ФОТО: Денешен

најчитано сега