Кандидатот за градоначалник на Центар Мирослав Лабудовиќ го впери прстот кон својот
противкандидат во вториот круг од изборите – актуелниот градолначалник Горан
Герасимовски, посочувајќи го како креатор на она што се случува во општината – а кое
Лабудовиќ го нарече брутална бетонизација на Центар.
„Жалам што Герасимовски не e овде во студиото, би сакал да го прашам дали е точно
дека веќе подготвил нови 80 дозволи за градба на кои ставил свој потпис“, јавно праша
Лабудовиќ посочувајќи меѓу редови, дека бетонизацијата на централната скопска
општина продолжува со несмалено темпо. „Кога јас ќе станам градоначалник – правилата
за градба, ќе мора да се почитуваат од почеток до крај – од изработката на проектната
документација, особено во текот на градбата – дали инвеститорот го почитува проектот,
без да отстапува милиметар од тоа што е запишано“, нагласи Лабудовиќ. Истовремено,
најави жестока битка за секој сантиметар јавен простор во интерес на граѓаните и јавно се
обврза дека ќе инсистира на минималните 20 отсто зеленило околу објектот за секоја
нова градба.
Во текот на неговиот мандат Мирослав Лабудовиќ потенцираше дека ќе бара и ќе изнаоѓа
системски и одржливи решенија за сите проблеми во општината – нов пристап во
сообраќајот кој ќе овозможи нормален тек, но и истовремено негово смирување, нов
систем на паркирање со катни и монтажни и подземни гаражи, но и ослободени тротоари
и многу пешачки зони – насекаде, а во тие рамки и Плоштадот Феникс што ќе биде спроти
новата општинска зграда, а под нив 300 нови паркинг места. Задолжителна ревизија на
сите урбанистички планови и изработка на нови во интерес само на граѓаните и со нивно
вклучување во изработката.

Exit mobile version