Движењето ЗНАМ за Наша Македонија и кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, вечерва свечено го отворија изборниот штаб на Рекорд, најавувајќи промени и нов почеток за главниот град.

На отворањето зборуваа и носителот на советничката листа за Центар, Крумислав Барзов Мишко, и носителот на градската листа на Движењето ЗНАМ, генерал Горанчо Котевски, кои ја изразија силната поддршка за новото лидерство и новата енергија што ја носи кандидатурата на Лабудовиќ.

Лабудовиќ остро го критикуваше актуелниот градоначалник, нагласувајќи дека Општина Центар денес е сотрена економски, сообраќајно и безбедносно. Тој оцени дека наместо да ја води општината, досегашниот градоначалник ја оставил со блокирани улици, без ред во урбанизмот, безбедносни проблеми и уништена економија.

-Сè што тој е, јас нема да бидам. Јас не се кандидирам за актер, туку за градоначалник, порача Лабудовиќ, додавајќи дека Центар му е потребен домаќин, а не актер и дека тој и неговиот тим ќе бидат чесни, одговорни и посветени на граѓаните.

Кандидатот за градоначалник на Центар од ЗНАМ најави решавање на проблемите веднаш, со ветување дека уште во првата година граѓаните ќе почувствуваат промени и дека во рок од четири години Центар ќе стане организирана и модерна општина со ред, сообраќаен план и безбедност за сите жители

Leave A Reply

Exit mobile version