Лабораториите ширум светот работат на спреј за нос против ковид

Најмалку девет лаборатории и компании ширум светот во моментов развиваат вакцини против ковид, кои се даваат во форма на спрејови за нос, наместо инјекции.

Тоа го покажуваат најновите податоци на Светската здравствена организација.

Покрај тоа што се помалку непријатни од боцкањето со игла, овие вакцини би можеле да бидат поефикасни од инјекциите во запирање на коронавирусот каде што прво влегува во телото и спречување на вирусот да се размножува во нашиот нос и грло, носните вакцини би можеле да бидат подобри во спречувањето на вирусот да се пренесува од човек на човек.

Повеќето од овие вакцини се во рана или средна фаза на тестирање, така што не е јасно кога и дали ќе бидат подготвени за употреба.

 

14.01.2022 - 23:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега