Кузеска: Враќање назад кон режимот на ДПМНЕ може да спречи со глас за членство во ЕУ


Се потврдува она што го говориме- нема никаква промена во ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија од минатото.Гледаме обиди на најбрутален начин, со апсење новинар кој објави афера за ДПМНЕ да се врати ВМРО-МВРО. Нервозата во Белата палата на почеток на кампањата се манифестира со покажување сила, обид за замолчување и заплашување новинари изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

Со истите методи на режимот на Никола Груевски. Одговорност за овој чин мора да има, особено што според јавните искази како е спроведено апсењето, има основано сомнение за бројни прекршувања на законските процедури.Во време на СДСМ никогаш се нема случено да биде апсен новинар. Напротив, се врати слободата и демократијата и 7 години постојано се унапредува. Така, во 2023 година Македонија се искачи на 38 место на индексот на Репортери без граници за слобода на медиуми, во споредба со периодот на ДПМНЕ кога беше на 123 место, рече Кузеска.

08.04.2024 - 14:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега