Портпаролката на СДСМ и членка на ИО, Богданка Кузеска, во емисијата 24 Анализа ја обвини власта за неспособност, лажни ветувања, празен буџет, нови задолжувања и целосна отсеченост од реалните проблеми на граѓаните. Таа посочи дека власта намерно создава страв за ЕУ, за да го дефокусира вниманието од реалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните.

„ВМРО постојано создава терен и атмосфера за луѓето да поверуваат дека преговорите со ЕУ се тешки, дека внесувањето на Бугарите и други малцинства во Уставот ќе биде поразително или невозможно. Вистината е дека не буџетот е празен, нема веќе пари, има 700 милиони нов долг којшто за три месеци е направен. Значи, станува збор за нов долг, нема пари за тендери, рејтингот му паѓа. “, кажа Кузеска.

Таа нагласи дека власта не исполни ниту едно од клучните ветувања заради кои дојде на власт, а сега се обидува да избега од сопствените изјави.

„Мицкоски има сериозен проблем, со оглед на неговата историја на лажење. Слушавме како ќе го враќаат името, како ќе го поништат Преспанскиот договор, како ќе издејствуваат нова преговарачка рамка. Еве, од тие немаат ништо исполнето. Дури гледаме и дека ретерираат и ги избегнуваат тие прашања. Дури велат дека никогаш и не го рекле тоа“, посочи Кузеска.

Во однос на европските интеграции, Кузеска потенцираше дека Македонија веќе има обезбедена преговарачка рамка со заштитен македонски јазик и идентитет, но дека Владата свесно создава нови поделби и тензии.

„Ние имаме преговарачка рамка со заштитен македонски јазик, со заштитен македонски идентитет и за тоа ниту Бугарија не може да прави проблем. Колку време се кажуваше дека ќе станеме Бугари, а сега треба да слушаме дека нè спасуваат од Бугарија луѓе од кои пола влада се со бугарски пасоши. Тоа е врв на политичка несериозност“, кажа Кузеска.

Во однос на економската состојба, Кузеска потенцираше дека граѓаните живеат сè потешко, додека власта се обидува преку бројки и статистики да создаде лажна слика за економски успех.

„Според овие бројки и сè ова што го кажува ВМРО, само тие се чувствуваат богати во државата. Власта зборува за „најевтина нафта“, но избегнува да каже во однос на какви плати. Граѓаните можеби купуваат поевтина нафта, ама нафта не пијат, народки кажано. Кажуваат ‘трета економија’, а некој што сега нè гледа отвора во новчаникот и вика: ‘Јас имам уште 200 денари, а не е ни пола месец’. Како ќе му кажете нему дека има пари? ДПМНЕ е толку одлепено од реалноста што нивните претставници од партијата не знаат ни колку чини синдикалната кошничка. На власт се две години, а нема никакви мерки или подобар живот за граѓаните. Економијата, парите, финансиите се единствената тема каде што ВМРО-ОКГ никако не може да ги прелаже граѓаните, затоа што тие знаат колку немаат “, потенцираше Кузеска.

Exit mobile version