Кузеска: Секоја партија, секој поединец има одговорност да се вклучи во пописот кој ќе се спроведе по меѓународни стандарди

Пописот на населението којшто ќе се одржи напролет, ќе обезбеди целосни, точни и релевантни податоци, кои се основа за градење на стратегии и политики и за натамошен развој на државата, економијата и општеството, рече денеска на прес конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

„По речиси две децении без попис, во државата има недостиг од квалитетни статистички податоци, не само за вкупниот број на населението, туку и за точниот бројот на жители во секој регион, општина, како и за нивните карактеристики.

Со пописот како независна статистичка операција ќе се соберат релевантни географски, демографски, економски, образовни, етничко-културолошки, миграциони и други суштински податоци.

Преку пописот ќе добиеме целосни и детални информации во однос на тоа каква е образованата структура на населението, просечната возраст на граѓаните, населеноста на регионите и општините. Ќе добиеме јасна престава за структурата на постоечките индустриски капацитети, но и податоци за потенцијалите за иден развој на општините.

Државниот завод за статистика ги има сите капацитети и е подготвен да одржи попис согласно стандардите и праксите на Обединетите Нации и Евростат. Истовремено, законското решение гарантира дека пописот ќе се спроведе исклучиво како статистичка операција која никогаш повеќе нема да се третира како политичко прашање.

Затоа, позитивен сигнал е најавата на Христијан Мицкоски дека ВМРО-ДПМНЕ се откажува од идејата за бојкот на пописот закажан за април оваа година.

Очекуваме разумот да преовладее кај сите и по цели 19 години Република Северна Македонија да спроведе попис без мешање на политиката, согласно меѓународните стандарди.

Секоја политичка партија, секој граѓанин поединец, има обврска пред државата и граѓаните да ги поддржи процесите со кои институциите добиваат точни податоци за структурата на населението и домаќинствата, а тоа е возможно само со спроведен попис по сите меѓународни стандарди“ рече Кузевска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.01.2021 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега