Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска упати жестоки критики до премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го дека неговите политики се засновани исклучиво на лаги. Според Кузеска, Мицкоски не само што излажал за Преспанскиот договор и враќањето на името, туку сега манипулира и со евроинтеграциите на државата.
„Мицкоски лаже како што лажеше за името, сега лаже и за ЕУ. Неговата измислена приказна за ‘влез во ЕУ без право на глас’ пропадна“, изјави Кузеска. Таа додаде дека неговите наводни намери за членство се само параван за криминални тендери, додека во реалноста ја води Македонија кон меѓународна изолација.

