Кузеска: МАКЕДОНИЈАВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ да се охрабрат и да го поддржат Законот за бранители
ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ треба да се охрабрат и да го поддржат Законот за бранителите, затоа што со овој закон се излегува во пресрет на реалните потреби на преживеаните, на бранителите со инвалидитет и на семејствата кои ги загубиле најблиските, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
„Ако Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ дава недвосмислена поддршка за Законот бранителите, има можност тоа да го докаже. Прво да не коленичи туку да му се јави на Гаши да го почитува Деловникот на Собранието и да го стави Законот на комисиска расправа. Потоа да ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ да гласат во македонското Собрание“, рече Кузеска.
Додаде дека законот може да се донесе ако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ гласаат „ЗА“. Во спротивно, рече Кузеска, ќе погазат уште ветување и ќе ги извисат бранителите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа